26
авг
2013
Освежителна салата
1. Краставицата ја лупиме и ја рендаме на крупната страна.
2. Морковот го чистиме и го рендаме на ситната страна.
3. Сирењето го дробиме.
4. Во еден сад ги ставаме ренданата краставица, ренданиот морков, дробеното сирење и сецканиот магдонос. Мешаме. Во смесата ги додаваме и павлаката и киселото млеко. Мешаме и сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани