Освежителен колач со бисквити (без печење)
Прекрасен освежителен колач, за секој дел од денот.
100гр од бисквитите сомелете ги.
Шлаг кремот пригответе го според упатството на кесичката.
Изматете ја слатката павлака во цврст снег, додајте го шлагот и киселата павлака и убаво изматете.
Ваквата смеса поделете ја на два дела , во едниот додајте ги мелените бисквити. Останатите бисквити натопете ги кратко во млеко, и наместете ги како подлога за прекрасен колач.
Врз нив ставете ја смесата со мелените бисквити, и преку ваквиот фил ставете ги бананите исечени на кругови и праските на тенки парчиња. Преку овошјето нанесете го останатиот дел од филот и декорирајте по желба.
Толку едноставно, а толку вкусно!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови