Шеќерот растопете го во карамел во суво тавче. Тргнете го и додадете го млекото. Повторно вратете на оган да се растопи бидејќи ќе се стврдне со додавањето на млекото. Кога се растопило тргнете го и оставете го малку да се подолади, да биде млако. Додајте го оризот и мешајте да се соедини.
Смесата ставете ја на  пек-папир или во мали чинивчиња. Нека се олади и служете.
Ако имате ставете на алуминиумка хартија или пек папир тогаш сечете плочки или коцки, а ако имате ставено во чаша служете со лажиче како доручек со чаша млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови