21
јун
2015
Ориз со тиквичка и брокула
Во тава на оган ставте ја претходно излупената и исецканата тиквичка на коцки и брокулата да се пржат. Додајте го зејтино, солта, мешаниот зачин и мелениот бибер и 1 филџан вода. Оставте да се динста додека да испари течноста. Потоа распоредете го оризот подеднакво на целата површина над тиквичката и брокулата. Додајте 500мл врела вода и оставте да се приготвува на тивок оган се додека да се свари оризот. Откако ќе се свари оризот оставте малку да се олади и сервирајте. Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови