Овој стар рецепт го научив од мојата тетка и толку е вкусен прсти да си изедеш.

Се меси средно тесто и се дели на 12 топчиња.
Секое топче се сука во кора и се печат на плочата од шпоретот на дрва.
Секоја кора ја печеме само од едната страна.
Печените кори ги виткаме во чаршав и најлон.
На страна во тава ставаме 500 мл млака вода и секоја кора се потопува во водата.
Една кора ја ставаме цела во тавата а другите две ги кинеме на парчиња.
Постапката се повторува додека не се потрошат сите кори.
Секоја кора се попрскува со зејтин и ореви.Се пече 45 мин на 150 степени.
ГАРАНТИРАНО ВКУСНО!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови