Огин тава
1. На потколеницата и ја одстрануваме кожата ја ставаме заедно со ситно здробената зелка во делимано експрес лонец и ја вариме додека месото не се одели од коската.
2. Кромидот ситно го сецкаме и пржиме со малку зејтин додека не добие стаклен сјај во него го пржиме оризот и на крај го додаваме сосот од патлиџан, ориганото и двете лажици малиџано.
3. Месото изладено го раскинуваме на помали парчиња, го ставаме во земјан сад ја додаваме смесата со оризот, киселата зелка го додаваме црвениот пипер, ситно сецкано луто пиперче, малку зачин и мелен бибер.
4. Во тавата додаваме малку вода околу 500мл. и ја ставаме во шпорет на 250 степени 15мин. а потоа намалувме на 150 степени уште 1 час и 45мин.
Еден совет - тавата се дегустира со добро црвено вино.
Лиценца: Сите права се задржани
Ova mi e slicno so mojot recept -- Pusena svinska kolenica--
so mali izmeni. Kako i da e mnogu e vkusno.