Овошна торта со боровинка
Во сад ги матиме јајцата и шеќерот.
Откако убаво и пенесто ќе се изматат се додава вода, а потоа брашното во кое е измешано ванилата и прашокот за пециво.
Префрламе во намастен плех и печеме пандишпан.
Печениот пандишпан го чекаме да излади, а потоа го сечеме на три ленти по должина. Ако тавчето е помало тогаш пандишпанот ќе биде повисок.
Пресечете го на два дела.
А ако печете во поголемо тавче пресечете само три ленти по должина зашто пандишпанот ќе биде доволно висок.
Филот го подготвуваме на следниот начин
Ако подготвувате свежи боровинки тогаш измијте ги и исчистете ги од рачките.
Ставете ги во сад со 500 мл млеко и 5 лажици шеќер.
Нека зовријат и додадете го разматениот пудинг.
Нека се вари додека не се добие густина.
Откако ќе излади се миксира заедно со предходно изматен путер и шеќер во прав.
Филот е готов.
Филувајте ги корите на неколку реда, ред фил ред пандишпан.
Премачкајте ја тортата со филот кој преостана.
Нема да користиме шлагови и крем за да остане вкусот на боровинката.
На површината наросуваме свежи боровинки и го ставаме овој прекрасен десерт да се лади.
Изладен овој десерт е како сладолед торта, а ако е одмрзнато вкусот е истотака прекрасен и се топи во устата.
На здравје нека е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Еднаш правев ваква слична комбинација и беше убава вечерта, а утрината кога станав што да видам...од боровинките во филот, како буѓосана, сирота помодрена беше, воопшто немаше убава виолетова боја иако на вкус си беше истата, ама многу ружна за око...