9
сеп
2021
Овошна салата со рукола и ореви
Интересна комбинација,која е една од омилените мои. Лесна за подготовка и уште полесна за замена на еден оброк.
Подготовка:
1. Во поголем сад исцепкајте ја, со рака, руколата која претходно ја измивте. Ако користите бејби рукола тогаш нема потреба од цепкање. Праската исецкајте ја по должина и додадете ја во садот.
Фета сирењето исецкајте го на ситни коцкички, а оревите можете да ги ставите цели или по желба да ги исецкате.
2. Промешајте благо и ставете во садот за сервирање. Како дресинг ви ги предлагам состојките горе.
Ако ви е многу киселко,не ставајте го оцетот.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови