Овошна салата со рукола и ореви
Состојки
- Дресинг
- 1 лимон (сокот од еден лимон)
- 2 лажици маслиново масло
- 1лажица мед
- 1лажичка сенф
- 1лажица јаболков оцет
- За салатата
- 4 праски
- 1паковка рукола
- 1 рака ореви (сецкани или цели) оревите одат по вкус.
- 50гр сирење фета
Подготовка
Интересна комбинација,која е една од омилените мои. Лесна за подготовка и уште полесна за замена на еден оброк.
Подготовка:
1. Во поголем сад исцепкајте ја, со рака, руколата која претходно ја измивте. Ако користите бејби рукола тогаш нема потреба од цепкање. Праската исецкајте ја по должина и додадете ја во садот.
Фета сирењето исецкајте го на ситни коцкички, а оревите можете да ги ставите цели или по желба да ги исецкате.
2. Промешајте благо и ставете во садот за сервирање. Како дресинг ви ги предлагам состојките горе.
Ако ви е многу киселко,не ставајте го оцетот.
На здравје.