Подготовка

1. Прво смоквите ги сечеме на парчиња и ги редиме во мал плех, врз лист хартија. Попрскуваме со лажиче мед и ги печеме во рерна 15 минути. Оставаме да се изладат.
2. Потоа ги редиме во чаша за десерт, покрај зидот на чашата.
Во средината ставаме зрна грозје, малини, кругови банана, врз кои има некоја капка лимета.
По желба попрскуваме многу малку мед.
Декорираме со свеж босилек и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани