Овошна салата со печени смокви во чаша
Состојки
- 3 зрели смокви
- 1/4 банана
- 4-5 малини
- 4-5 зрна бело грозје
- 4-5 зрна црно грозје
- мед, сок од лимета, ливчиња свеж босилек, кришки свежи смокви
Подготовка
Подготовка
1. Прво смоквите ги сечеме на парчиња и ги редиме во мал плех, врз лист хартија. Попрскуваме со лажиче мед и ги печеме во рерна 15 минути. Оставаме да се изладат.
2. Потоа ги редиме во чаша за десерт, покрај зидот на чашата.
Во средината ставаме зрна грозје, малини, кругови банана, врз кои има некоја капка лимета.
По желба попрскуваме многу малку мед.
Декорираме со свеж босилек и послужуваме.