Овошен стаклен колач
Овој колач е за љубителите на нежно благо,освежително благо.
Овде ќе вкусите многу витамини и мешавина од овојше.
Вклучете го миксерот и матете ги белките убаво до цврст снег.
Полека додавајте ги жолчките една по една.
Колачот бара долго матење.
Додадете го шеќерот и матете убаво да се растопи, а потоа во садот пресејте го брашното кое претходно го помешавте со пецивото и ванилата.
Мешајте убаво со шпатула па префрлете во калап за печење.
Печете и проверете кога е готово вадете.
Сварете го пудингот и топол нанесете го врз пандишпанот.
Јас редев се дирекно во калапот.
Овошјето го исеков и го исецкав на парчиња. Редев во кругови по вкус и желба.
Кога цела површина ја исполнив со овошје, го разматив тортенгустот со водата во кацерола на оган па полеав врз овошјето.
Убаво измазнив да биде секаде рамномерно,па оставив да се лади во фрижидер.
Тортата е фантазија.И на изглед и на вкус.
Пробајте ја нема да згрешите.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Tavceto koja dimenzija e?
Po moj vkus e kolacov ...
Е сега калап е незнам како поинаку да ти кажам. Да го сликам единствено да видиш. Испаѓа убави 8 парчиња големи.