Овошен сладолед со јогурт
Вкусен, освежувачки домашен сладолед, каде преовладува киселкастата нотата на јогуртот и вишната, во мојов случај и мирисот и вкусот на ванилата.
Јогуртот го мешаме со шеќерот, со лажица, оставаме кратко време да се растопи истиот со повремени промешувања.
Шлагот го матиме со млекото.
Се мешаат двете смеси. Се излеваат во соодветни кутии.
Се додаваат вишните или овошјето по ваш вкус и лесно се промешува.
Се става во замрзнувач и чекаме да се замрзни.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани