Овошен колач
Кора
- Јајцата, шеќерот заедно со шекерот со вкус на лимон (може и ванила) со миксерот работете се додека добиете пенеста смеса, додадете ја водата, измешајте, додадете брашното во кое сте го измешале пицивото. Измешајте и ставете во подмачкано плекче или со хартија послано со димензии 30х18 см. Печете во предходно загреана рерна околу 20 мин, на 180 степени.
- Печено извадете да се олади.
Фил
- Во ладно млеко ставете ја содржината од готовиот Крем за колачи со вкус на ванила и мешајте со миксерот околу 3 мин,
- Изработете го путерот или маргаринот и во него постепено додавајте од сматениот крем и мешајте со миксерот на бавна брзина се додека се спојат.
Добиениот крем истурете врз оладената кора, по него распоредете ги исечените јагоди.
Пригответе го преливот според упатството на самата кеса
или
Преливот измешајте го со шеќерот и 3 лажици вода која сте ја одземале од вкупната количина, остатокот од водата и сокот загрејте ги до вриење, тргнете од огнот, додадете го растворениот прелив, вратете повторно на огнот и доведете го до зовирање постојано мешајки го. Тргнете и сочекајте да олади до одреден степен и залијте ги јагодите. Не смее да биде многу топол за да не ви пропадне во филот.
Ставете во фрижидер нека одстои 4-5 часа како би се сите состојки еднакво оладиле и зацврстиле.
Забелешка
- Покрај јагодите, можете да користете било кое овошје и од компот.
- Не мора да се спрема со готов крем за торти (јас оти имав, па да го искористам). Можете да си спремате по ваш рецепт од Крем филовите или да изберете од самиот сајт. Рецепти за крем фил има многу, нема да погрешите било кој да го спремите.
- Наместо вода, можете за преливот да користите и само сок.
Лиценца: Сите права се задржани