Кондензираното млеко, шеќерот и путерот се топат на тивок оган. Откако ќе се растопат на средна температура со константно мешање се готви уште 15на минути се додека не се подзгусти и се добие карамел боја.

Се трга од оган и се додава искршено чоколадото, па убаво се промешува да се растопи. Се додава и малку црвена боја (по желба е и не мора). Јас наместо црвена боја додадов обоен со црвена боја инстант прашок за чај од калинка, па малку повеќе го обогати и така убавиот вкус.

На крај се додаваат бадемите (секако дека и орев или лешник во замена можи), брусницата и исецкани урми и смоквите.

Смесата се распоредува во калап 20х20, предходно обложена (кој сака) со пек-хартија. Се остава да се стегни и се сечи на мали коцкички.

Овој рецепт си носи ризик за добитната комбинација. Можно е доколку ви е посилна ринглата и варите малку подолго да добиете поронлива структура, како што е случајот кај мене, а со помалку чување на оган пак да добиете помазни или порастегливи коцки. Праксата ќе си го направи своето, но како и да испадни на прво- во секој случај е неверојатно вкусно.
Совет-прво направете си го за своја душа, а потоа за гости.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови