Обарени пиперки зимница
Најпрво пиперките исчистете ги од семето и убаво измијте ги.
Од сите други состојки се вари солило. Киселината турете ја во сад и турете го маслото,шеќерот и солта. Кога ќе зовријат намалете ја температурата на најтивко и секоја пиперка ставајте ја во солилото и оставете ја да стои околу 1 минута (колку да прими од солилото) и потоа извадете ја. Така направете со сите пиперки и редете ги во тегли. Пиперките редете ги и меѓу нив ставајте од сецканите магдонос и лук. Пред да ги затворите теглите турете од солилото ставете ловоров лист и убаво затворете. Солилото што ќе го турите во теглите треба да е млако.
Убаво затворете и почекајте да дојди зима!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови