Нутела Мафини со банани
Најпрво маргаринот и шеќерот убаво се бијат се додека не се добие пенаста маса, се додаваат постепено и јајцата додека се добие хомогена смеса. Во така добро изматената смеса се додава брашното во кое претходно е ставен и прашакот за пециво, исто така се додава и нутелата и претходно добро исецканите банани на ситни парчиња. Така добиената смеса ја ставаме во силиконски калапи за мафини и ги печеме на 170 степени околу 20-25 мин.
Од како ќе се испечат ги оставаме да оладат.
Додека мафините се ладат, го земаме чоколадото и со малце масло го топиме на пареа, од како ќе оладат секоја мафина поединечно ја намакуваме во чоколадото, па по желба се декорира со шарени мрвици.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови