Овие крофнички редовно ги правиме дома, заради тоа што сите ги обожаваме. Ама овај пат се малку поинаку декорирани - новогодишно.
Најпрво со миксер ги матиме јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер, за потоа постепено како што матиме со миксерот ги додаваме и останатите состојки, односно брашното, прашакот за пециво, јогуртот и маслото.
Јас овие крофнички ви правам во апарат за мини крофни, а смесата за да ми биде полесно да полнење во апаратчето ја ставам со малечко пластично шишенце или можете да користите слично кое било како оние од кечап што се.
Откако се е готово, растопувам бело чоколадо и едната страна од крофните ја правам со чоколадо, а од горе на чоколадото ставаме шарени трошки за декорација од Фантазија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови