Нискокалорични хамбургери
1. Најпрво ги рендаме на крупната страна од рендето морковот и целерот, го сечкаме не многу ситно магдоносот а кромидот и лукот ситно ги сечкаме. Ја рендаме кората од лимон. ( слика )
2. Во еден сад ги ставаме сите горенаведени состојки ја додаваме презлата и промешуваме. Го додаваме месото ( кога ке го купувате или ако имате дома гледајте да биде понемрсно), го додаваме и јајцето, по вкус ставаме сол и бибер и убаво ја замесуваме смесата. Ги формираме плескавиците. Мој совет е да ги направите дебели околу 1цм . Ги оставаме околу 1 час да одморат. Во меѓувреме го подготвуваме сосот.
3. Секој хамбургер обично оди со мајонез, но во овие мои нискокалорични хамбургери ќе направиме мала замена на мајонезот. Краставицата ја лупиме и ја сецкаме на мали парчиња, го додаваме нането, лутиот буковец ( по избор) и павлаката и промешуваме. И сосот е готов.
4. Плескавиците ги пржиме на скара или на грил тава со малку масло , но доколку немате како мене, ќе послужи и обично нелепливо тавче.
5. Откако ќе се испржат останува само да ги наместиме хамбургерите. Јас користев марула и домат а може да ставите и други салати се разбира да одговара на вашиот вкус.
6. На лепчето ја ставаме марулата, па плескавицата, па доматот, одгоре ставаме од сосот и затвораме со горното лепче. И ете готови се.
Во смесата за плескавиците може да ставите и други зеленчуци се разбира се е до вкус. Јас кога ќе ги правам пак ќе ставам помалку магдонос. Магдоносот им дава многу убав вкус , но според мене јас имав ставено малку повеќе, но доколку сакате магдонос оваа количина ќе ви одговара.
За сосот се разбира поздраво е да се користи кисело млеко отколку павлака, но јас дома немав кисело млеко и ги направив со павлака.
И за крај да бидат БАШ нискокалорични може да ги направите и со црн интегрален или ржан леб. (слика) Јас барав црни округли лепчиња, но не можев да најдам, а сакав да изгледаат како обичните хамбургери.
Наздравје !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Cestitki!