Во пронаоѓање на најубав рецепт за гиро тортиљи, при што треба да се меки, лесно свитливи и се разбира вкусни, во мојата кујна се создаде овој рецепт. Се разбира дека можете да ги искористите не само за гиро, туку и за тортиљи со други филови.

Подготовка
1. Во млакото млеко го раствораме квасецот со шеќерот и чекаме да се активира.
2. Во сад ставаме брашно, маслиново масло и сол, а водата ја доведуваме до вриење. Го ставаме активираниот квасец и додаваме од водата. Бидејќи е жешко прво мешаме со лажица па продолжуваме со месење, убаво го замесуваме тестото. Треба да ни е малку помеко од кога замесуваме тесто за кифли. Не ја ставајте целата вода, додавајте ја постепено, зависи какво ви е брашното, толку и вода ќе потрошите. Го оставаме да стаса околу ½ час.
3.Го размесуваме и го делиме на половина. Од првата половина вадиме околку 12-13 топчиња кои со помош на прстите прво ги развлекуваме со притискање, па ги ставаме во брашно од двете страни па ги сукаме со сукало. Кога ќе ги сукаме треба да бидат баш тенко исукани.
4. Ги печеме без масло на загреано тавче.
Забелешка
Ринглата не треба да ни е ставена на најјако бидејќи ќе се препечат па ќе имаат крцкави површини. Кај мене е со 6 степени, а јас ги печев час на 4 час на степен 5.
Големината и бројот на топчиња воедно ќе зависи и од големината на тавчето во која ќе ги печеме. Се разбира ќе ни требаат поголеми топчиња ако е поголемо тавчето и обратно.
Од оваа доза на брашно мене ми излегоа 25- 26 тортиљи.
Може да се направат и само со бело брашно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани