Мусака со тиквички и стар леб
Сеуште не сум завршила со употребата на тиквички, покрај останатите...еве уште некој предлог како вешто да ги употребите тиквичките, а никој да не знае што се има во тавчето.
Тиквичките лупени, рендани и цедени низ рака, доматите сечени на коцки исто се цедат од сокот, така што ќе се остават над кујнска хартија.
Огноотпорен сад се премачкува со маслиново масло, јајцата се матат со виљушка и во нив се додава урдата, пармезан трошките, сув зачин, босилек, лут сос и сите состојки. На крај се додава бајат леб на коцки насечен. Добиената смеса се ислева во огноотпорниот сад, најгоре се прска уште малку масло па се печи во рерна на 180, благо да зарумени.
Подеднакво е добра и ладна и топла,како предлог за било кој оброк во текот на денот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови