Модриот патлиџан расечете го на пола и стевете го во тава со малку масло и вода заедно со доматите и кромидот поделен исто на пола. Ставете ги во загрена рерна на 220 степени да се печат истовремено со двете пиперки кои се поставени на решетката во рерната. Потребно време за печење е 20 минути. Извадете ги по назначеното време и оставете ги да се оладат. Модрите патлиџани издлабете ги и ставете ја внатрешноста во блендер. Исто и доматите и пиперките излупете ги и исецкајте ги во блендерот. Кромидот исечете го на ситно заедно со лукот, додадете маслиново масло, соја сос, сол, омекнат путер и сок од половина лимон и сите состојки заедно блендирајте ги додека не добиете една хомогена, мазна смеса. Вака подготвениот мус ставете го во фрижидер да се лади околу 2 часа. Потоа може да го послужите како предјадење, додаток на некое главно јадење, мезе, закуска, макало, додаток при шветски маси итн. Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови