Главни состојки за овој превкусен, а едноставен за подготовка колач се јајцата, шеќерот, зејтинот, млекото и брашното, кои се матат во подлабок сад. Се друго се додава по желба и моментална залиха. На конкретната слика се додадени толчени лешници, суво грозје, суви урми, кора од портокал, какао.
Во куглов се посипува половина од изматеното тесто, се додава миксот од овошја - кои претходно стоеле во брашно за да не пропаѓаат на дното, оревите / лешниците, па се досипува преостанатото тесто во кое сте измешале и малку какао за да се прошара.
Се пече во подмачкан сад со зејтин и брашно (кугловот треба да е измачкан и долу и од страните за да лесно се одлепи смесата по печењето) на 180° околу 50мин.
Кога е печен, колачот се претура на чинија, и одозгора се украсува по желбаЧ може да се посипе со шеќер во прав или да се прелие со стопено чоколадо за готвење.
Се служи оладен. Особено е вкусен како прилог со кафе, чај или млеко.
Уживајте!

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови