Ова е рецепт за енергетски, богат и особено вкусен колач.

Подготовка
1. Бананите заедно со медот и кокосовото масло ги доведуваме до каша во нутрибулет.
2. Крекерите и бисквитите исто така ги мелеме, јас повторно во Нутрибулет. Ги додаваме кон бананите.
3. Останатите состојки, испасираната алва, муслите, сечканите урми и ореви како и сушениот ананас, ги додаваме заедно со сокот од лимон.
4. Соединуваме и целата смеса ја ставаме во силиконски калап. Го оставаме во фрижидер за да се стегне и да се соединат вкусовите.
5. Го превртуваме колачот од калапот и сервираме сечени парчиња.

Забелешка
Додавајте или одземајте состојки по вкус, а и заради густина на колачот. Од бананите зависи колку ќе ставите суви состојки, а оваа доза е подготвена со средна големина на банани.
Може да го ставите во калап кој не е силиконски само ставете најлонска фолија, за да може лесно да го извадите.
Нека не ве предомислуваат солените крекери во состав, превкусни се, а солта што ја содржат само повеќе го истакнува вкусот на колачот.
Се разбира дека може да го подготвите и со производи кои вие си ги користите, јас го спремив со производи кои ми се запишани во состав, и вкусот беше фантастичен.