Мојот козињак
Во стаклен сад ги помешуваме растопениот путер млекото и јајцето.
Откако ќе ја соединиме таа течност го додаваме шеќерот и квасецот.
Постепено го додаваме брашното,квасецот,сувото грозје и ситно сецканите мигдали.
Јас имав ставено полумелени.
Мешамесо дрвена лажица.
Смесата е малку леплива.
Оставаме да одмори околу половина час, а потоа го префрламе во калап.
Повторно го оставаме во калапот да постои околу 30 минути.
Печеме во загреана рерна а потоа намалуваме на 150.
Нека се пече малку подолго.
Откако е печено оставете го да одмори 5 минути во калапот а потоа извадете го и превртете го.
Ќе добиете една убава плетенка.
Служете го со чај или кафе. Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Taa recenica kako da ja nema
Inaku obozavame vakvi testa
E uste Vakov kalap Nemam haha
Sega e ok