Моите омилени пралини
1. Во врело млеко се додава шеќерот и се проварува.
2. Се додаваат мелените ореви и сецканото суво овошје. Смесата добро се меша и се трга на страна, да се излади.
3. Путерот се загрева толку долго додека не престане да пени. Се трга настрана и се додава чоколадата на парченца. Е јас ова го направив така што ги ставив путерот и чоколадата заедно и ги стопив на пареа.
4. Растопената чоколада се премачкува со четкичка или лажиче по ѕидовите на формите. За ова ако немате силиконски калапчиња, може да употребите и амбалажа од бонбониера или хартиени корпици. Се остава да се излади. Потоа со лажиче се полни средината и се залива со растопената чоколада.
Може да се стават и во фрижидер или некаде на ладно за да се стврднат.
Сум правела пралини со различни филови, но овој ми е омилен и затоа го препорачувам.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови