Модри патлиџани во тавче
Ова е моја омилена манџичка во лето. Најпрво се лупи модриот патлиџан, се сече на кругови и се посолува. Се остава да одстои половина час да му излезе горчината.
На страна се сецка половина главица кромид и се запржува на масло се додава исечканото лукче и ренданите црвени домати. Кога ќе зоврие се остава неколку минути да му испраи водата и да се згусне, но не премногу. Се зачинува со сол бибер и половина лажичка шеќер.
Модриот патлиџан се брише со книжна салфета, се става во намрсена тава, одозгора се полева со сосот од црвен палтиџан, другата половина од кромидот исечен на кругови, магдонос и најгоре ренданото сирење. Се става да се пече на 200 степени 30 мин
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови