Сусамот е една од намирниците која содржи најмногу калциум. Покрај калциумот, ова млеко изобилува и со витамин Б6, протеини, тиамин, фолна киселина, рибофлавин, минерали (железо, бакар, манган, фосфор), витамин Е, есенцијални масни киселини. Затоа, ви препорачувам (особено за љубителите на сусам или таан) веднаш да си го припремите ова млеко, кое воедно е и едно од најздравите и најевтините млека.

Подготовка

1. Сусамот го ставаме во длабок сад, ја додаваме и водата (200мл). Оставаме 4-5 часа да кисне (може и одвечер). Потоа сусамот го процедуваме од таа вода и го ставаме во чашката од блендерот. Додаваме нова филтрирана вода (400 мл) и блендираме до хомогенизирање. Процедуваме преку цедалка, па преку газа (истискуваме добро). Заблажуваме по вкус, но ако се одлучите за урми, тогаш додадете ги во блендирањето.
2. Послужуваме веднаш.

Забелешка - Она што е најважно за ова млеко, е дека ниту еден млечен продукт не може да се спореди со него во однос на содржината на калциум.
За дополнителен вкус може да се додаде ванила, а останатата сусамова паста може да се искористи наутро, со додавање на сецкани урми, суво грозје и слично.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани