Млад компир во лушпа
1. Добро се мие компирот, се брише од водата- потребно е да бидат суви за да не ви прска во зејтинот.
2.Во длабока тава прво загрејте го зејтинот, се додава кимот сосема кратко да се пропржи (пазете да не ви изгори).
3. Во загреаното масло ставете го ги малите компирчиња, исечениот кромид и печурките, солта, зачините и се става во предходно загреана рерна, се пече околу 15 минути.
СОВЕТ- На овој начин слободно можете да го спремате компирот и на ринглата наместо во рерна. Можете да користите наместо зејтин – маргарин или маслац, како ви обожавате. Можете да додадете и сланина…Јас лично го спремам во рерна, секогаш ми е додаток на јадењето – печено месо, скара….
Секогаш настојувам да имам сосема мали компирчиња, но доколку немам многу пати поедриот компир го сечам.
Неопходно е да се загрее зејтинот, да се пропржи исто така кратко кимот бидејки тој дава посебен шмек, а зејтинот да е загреан е се заради хрскавоста на лушпата што фактички го краси овој рецепт… Вака спреманиот млад компир е навистина добар.
Рецептот е од пријателка, престојува во Франција и највероватно е од тој регион.
Бабилушка моја, драга Ана… јас и моето семејство сме благодарни за рецептот, чувствувам потреба да и овде ти се заблагодарам.
Лиценца: Сите права се задржани