Мисиркиното месо може прво да го испечете на скара. Доколку не можете во моментот тогаш исечете го на парчиња и испржете го заедно со исецканиот кромид. Откако ќе се испржи убаво додадете околу 200-250 мл вода. Оставете водата да проврие. Додадете ги зачините, промешајте. Во филџанче растворете го брашното со водата, павлаката и сенфот. Додадете го во месото и оставете на оган неколку минути, колку да стане хомогено. Ако го испечете месото на скарата, тогаш сосот направете го одделно од месото,за да не го изгуби и мирисот и вкусот од скарата. Комбинирајте со пире,ориз...со се оди,нема да згрешите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови