Испечати

Мисиркино во сос

Мисиркино во сос

Состојки

  • 500 гр мисиркино месо
  • 1 главица кромид
  • 1 лажиче зачин,сол,црн бибер,кари,црвен пипер
  • 2 лажици брашно
  • 50-100мл вода
  • 1 лажица сенф
  • 100-150 мл павлака

Подготовка

Мисиркиното месо може прво да го испечете на скара. Доколку не можете во моментот тогаш исечете го на парчиња и испржете го заедно со исецканиот кромид. Откако ќе се испржи убаво додадете околу 200-250 мл вода. Оставете водата да проврие. Додадете ги зачините, промешајте. Во филџанче растворете го брашното со водата, павлаката и сенфот. Додадете го во месото и оставете на оган неколку минути, колку да стане хомогено. Ако го испечете месото на скарата, тогаш сосот направете го одделно од месото,за да не го изгуби и мирисот и вкусот од скарата. Комбинирајте со пире,ориз...со се оди,нема да згрешите.