Мисиркино во павлака
Печурките се сечат на листиња. Кромидот се чисти и се сецка ситно и се става на зејтинот да се пржи. Откако ќе се запржи(по 5 минути) се додава и обареното месо исечено на покрупни парчиња. За ова јадење-мезе најпогодно е месо од подбутниот дел затоа што има помалку жилички во споредба со мисиркиниот батак. Месото и кромидот се оставаат на потивко да се динстаат околу 30 минути. По потреба може да се додаде и малку водичка. Кога месото ќе омекне се додаваат печурките и се динста уште 15 минути. Се зачинува со биберот, карито, зачинот и сенфот. Убаво се меша и одкако ќе се подолади се додава и павлаката.
Ова јадење ако биде без павлака може да се комбинира со друг прилог, а вака е одлично за мезе
Лиценца: Сите права се задржани