Повторно ми останаа белки, па да ги искористам.

Подготовка

1. Белките ги матиме постепено, додавајќи го шеќерот. Матиме додека шеќерот не се растопи. При крај ги додаваме и оцетот и густинот.
2. На плех обложен со хартија за печење правиме форми по желба. Јас користев слаткарски шприц. На сите им направив мала вдлабнатинка во средината со лажица (за филот).
3. Печев на 110 степени околу 70 минути, потоа ги оставив целосно да се оладат.
4. За филот, ја изматив слатката павлака со шеќерот и јагодите во прав. Со слаткарски шприц го поделив филот на секоја тортичка. Декорирав со свежи малинки.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани