Мини еклери со маскарпоне
Во касерола на оган го ставаме млекото и водата.
Додаваме путер и оставаме да се загрее.
Откако добро е загреано го додаваме брашното.
Мешаме со дрвена лажица добро да се спојат состојките, а потоа оставаме да се попржи тестото околу 3 до 4 минути со континуирано мешаме.
Го тргаме на страна.
Јас го уклучив миксерот и кога поизлади тестото му додавав едно по едно јајце. Значи едно по едно и полека прво едното убаво изматете го па после другото и така сите.
Кога е спремна смесата наполнете ја во шприц и правете ги формите.
Јас ги правев со калап за ванилици колачи па ми испаднаа малку потенки.
Затоа ги нареков мини еклери.
Печете ги во загреана рерна неотварајќи ги додека се печат 30 минути на 180 степени.
Оставете да изладат во рерната.
Подгответе го филот. Мене многу ми се допадна филот.
Во миксер матете 6 жолчки со нишестето и брашното.
Додајте го и шеќерот помешан со ванилите.
Откако смесата убаво ќе се изедначи префрлете ја во кацерола каде имате загреано млеко.
Мешајте убаво да се згусне и свари кремот.
Откако е готово оставете да се излади прекривајќи го садот со најлонска фолија да не фати кора филот.
Откако е изладен кремот додајте му го маскарпонето.Промешајте убаво.
Изладените еклери преполовете ги и филувајте ги.
Наросете ги со шеќер во прав.
Нека ви се наздравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови