Рецептот е посветен на баба Милена која толку убаво знаеше да не изненади и тогаш кога нутелата не ни беше достапна на сите како во денешно време
Водата и шеќерот се ставаат да зовријат. Маргаринот се додава во сварениот шербет и убаво се меша да се добие мазна смеса. Во топлата смеса се додава какаото и чоколадата и се меша да се подолади. Во млаката смеса се додава и млекото во прав и убаво се мати. Смесата одкако ќе се изедначи се става во чаши, теглички и се чува во фрижидер.
За подготовка на вкусен крем и фил секогаш користете квалитетно какао.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела