Првпат слушнав дека постои готов микс зачин за медењаци кога посакав еднаш да си направам домашни медењаци. Но, бидејќи кај нас тој микс не постоеше барем во тоа време кога мене ми требаше, си го направив самата. И од тогаш, секогаш во едно мало тегленце си чувам ваков микс и го користам кога правам суви колачи, бисквитни колачи, кексови и пити. Му дава толку добра арома на тоа што го приготвувам, што потоа цел стан ми мириса на убавини. Само немојте да претерате со количината зашто аромата е интензивна и не сакаме да доминира, туку да наѕира и да се чувствува по малку во вкусот,

Подготовката е едноставна, само измешајте ги зачините и чувајте го миксот во тегличка. За суви колачи се додава околу половина лажиче зачин за нормална доза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови