28
фев
2016
Мешани ќофтенца со сенф и пециво
Рецептот ми е од многу одамна.Одличен по вкус.
Кромидот исецкајте го на ситно. Додајте го во месото.
Зачинете и ставете ги сите состојки.
Замесете ја смесата.
Покријте со најлонска фолија.
Оставете ја еден час во ладилник.
После еден час се формираат мали топчиња кои што се пржат на многу малку масло.
Откако малку ќе се зацрвенат, се вадат од маслото.
Јас ги употребив за ручек, заедно со компири тава.
Ја вадиме тавата од рерна и ги ставаме ќофтенцата во компирите.
Оставаме така уште 15 минути.
Откако е готово сервирајте.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови