10
јул
2015
Мешан зеленчук во тава
1. Боранијата се обарува.
2. Морковот, кромидот и тиквичката се сечкаат на ленти. Патлиџанот се сечка на коцкички. Брокулата се ситни.
3. Во тава се става исцедената боранија и се меша со сите останати состојки. Се зачинува и се попрскува со маслиново масло.
4. Се става две кутлачи вода од каде што се варела боранијата. Се става магдонос. Промешуваме.
5. Се пече на 200 степени околу 30 минути, зависи колку сакате да ја потпечете.
Јас ја сервирав со похован пилешки стек и салата.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови