Мермерен “леб“ од банани
На калап за печење со големина 31 на 11 цм, длабок 8 цм или поинаков со сличен волумен ставете хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 175 Ц.
Во еден мал сад измешајте го со жица брашното со солта и содата.
Бананите испасирајте ги и оставете ги на страна.
Во еден поголем сад изматете го пенесто путерот, додајте го шеќерот и ванилин шеќерот, па матете добро да се соедини. Додајте го едното јајце, добро изматете, па додајте го и другото. Кога смесата е потполно хомогена додајте ги бананите и киселата павлака и матете се добро да се соедини.
Додајте го брашното и кратко изматете, колку брашното да се навлажни. Ако матите долго, колачот ќе ви биди многу густ.
Во еден мал керамички сад ставете го чоколадото искршено на парченца и растопете го во микробранова, 1 минута на најголема јачина. Добро измешајте, да нема нерастопени делови.
3/4 од тестото истурете го во калапот. Во остатокот измешајте го растопеното чоколадо. Истурете ја чоколадната смеса врз светлата, па промешајте со вилушка да се направат шари.
Печете го 1 час, до час и 15 мин. или додека стапчето со кое го проверувате колачот не излези чисто.
Нека се лади во калапот десетина минути, а потоа извадете го на жица и оладете го до крај. Ладен посипете го со шеќер во прав.
Чувајте го во добро затворена кутија.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови