Подготовка
- Сварениот и исцеден грав, исцедените пченкарни зрна, ситно сецканите пиперки, кромидот и сецканата зелена салата, марула, осолете на вкус и измешајте.
- Измешајте ги јогуртот, кимот, маслото и чили сосот - залијте ја салатата - промешајте, посипете со бибер.
Служете со тортиљи.
Тортиљите ги печев да бидат многу тенки, крцкави, а предходно ставив во тавата малку масло, посипав мајчина душичка, ја ставив тортиљата да се пече, а се со цел да се залепи на тестото мајчината душичка.
Кој не сака толку да е луто, слободно изоставете го чили сосот, вкусна и така.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани