Испечати

Мексиканска салата

Мексиканска салата

Состојки

  • 200 гр. црн грав
  • 200 гр. пченка
  • по 1 црвена и жолта пиперка
  • 1 помала зелена салата (марула)
  • 1 кромид
  • на вкус сол,бибер и ким
  • 1 лажица масло
  • на вкус чили сос

Подготовка

Подготовка
- Сварениот и исцеден грав, исцедените пченкарни зрна, ситно сецканите пиперки, кромидот и сецканата зелена салата, марула, осолете на вкус и измешајте.
- Измешајте ги јогуртот, кимот, маслото и чили сосот - залијте ја салатата - промешајте, посипете со бибер.
Служете со тортиљи.
Тортиљите ги печев да бидат многу тенки, крцкави, а предходно ставив во тавата малку масло, посипав мајчина душичка, ја ставив тортиљата да се пече, а се со цел да се залепи на тестото мајчината душичка.
Кој не сака толку да е луто, слободно изоставете го чили сосот, вкусна и така.