Прво малку го загреваме млекото, додаваме шеќер, квасец и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, маслиновото масло, киселата павлака.
Се промешува со вилушка убаво цела смеса.
Сега се додава брашно и се замесува средно меко тесто.
Се покрива и се остава да се дуплира.
Потоа се дели на 20 топчиња.
Секое топче се расукува во мало кориче.
Се става полно лажиче фил.
Краевите се внесуваат малку навнатре и се формира ролатче.
Се редат во плех.
Се покриваат да одморат 15 минути.
Потоа се премачуваат со јајце, се наросува сусам.
Се печат во загреана релна околу 30 минути.

За филот на загреано масло го пржиме ситно сецканиот праз.
Зачинуваме
Од кога малку ќе се излади додаваме јајце и соединуваме убаво.

Забелешка
Тестата кои содржат кисела павлака, се исклучително меки.
Мој совет е неизбежно да ги подготвите.
Среќни и убави празници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани