Меки лепчиња со кисела павлака
Во топлата вода ставете го квасецот и оставете го да нарасне околу 5мин на топло (не мора). Во поширок сад просејте го брашното, додајте ја павлаката, маслото и стасаниот квасец, јајцето, солта и шеќерот. Месете со рака додека се добие меко тесто што не се лепи за рацете, а по потреба додајте брашно.
Оставете го тетото на топло покриено со крпа да стасува 45-60 мин. Размесете го и поделете лепчиња, не ги правете големи бидејќи нараснуваат. Редете ги во намрсен плех. Оставете ги да стасуваат уште 10 мин.
За тоа време вклучете ја рерната да се загрее на 250 степени. Намачкајте ги со разматено јајце со малку масло. Посипете со сусам и мала коцка маргарин и ставете ги да се печат на 220 степени додека имаат румено-кафена боја. Извадете ги и поркијте ги со најлонско кесе и крпа за да се задушат.
Внатре може да ги полните со сирење или нешто друго. Од тестото може да направите и кифлиња. Мене ми излегоа 16 средни лепчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
samo jas dodadov i rzano brasno super....