Меки кифлички од фрижидер
Најбрзи и највкусни кифлички според мене. Ниеден празник ни прослава не поминува без нив.
Подготовка:
1. Во длабока чинија ставаме квасец со шеќер, брашно и млака вода да стасува.
2. Брашното и солта се мешаат во садот или на даската на која што се меси.
3. Го додаваме стасаниот квасец и јајцето и замесуваме.
4. Кога ќе се формира тестото, го трескаме неколку пати, и добро го измесуваме. Ако премногу лепи, се додава брашно по потреба. Треба да се добие многу меко, лесно и воздушесто тесто.
5. Кога ќе се заврши со месење, тестото се дели на 3 до 4 дела. Се сучат кори, се премачкуваат со омекнат маргарин и се диплат како ролат, а потоа ролатот се дипли како коцка и така спремено, тестото се реди на послужавник и се остава еден час во фрижидер.
6. Кога ќе стасаат се уште помеки и полесни. Така стасани, трите дела се расукуваат во кори, но без премесување, (се работат токму во онаа форма која што си ја создале при стасувањето) на набрашнета површина.
7. Се сечат како краци, се полнат со фил (може да се стави внатре што сакате, а убави се и празни) и се виткаат. Се премачкуваат со јајце, сусам и маргарин, се оставаат да одморат 5-10 мин., па се печат во загреана рерна на 180 степени, 15-20 мин., додека добијат убава златеста боја.
8. Кога ќе се извадат, се прекриваат со крпа и најлонска кеса за да бидат меки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови