Меки и вкусни кифлички, од путерот се крцкави, а внатре премеки. Прво квасецот се раствора во млакото млеко и шеќерот и се чека да се активира. Во брашното се додава квасецот и сите останати состојки. Се меси убаво, тестото треба да е мазно и меко и да не се лепи. Тестото се остава да стасува околу половина час . Се зема топче од тестото (големината сами си ја одредувате во зависност од тоа дали сакате кифличките да ви бидат поголеми или помали) се сучи и се витка кифла. Кифличките се редат во плех постелен со хартија за печење. Згора се мачкаат со изматено јајце, па се наросуваат со сусам. На секоја кифличка ставаме коцка путер. Кифличките се печат во загреана рерна на 200 степени околу петнаесет минути *од оваа мера излегуваат околу 40 тина средно големи кифлички