1. Убаво се матат јајцата,шеќерот,зејтинот и медот
  2. Чоколадото се ренда или се ситни на помали парченца и заедно со сувото грозје се додаваат во смесата
  3. Брашното се меша со пециво и сода бикарбона и се додава по малку додека убаво не се изедначи со претходните состојки
  4. Од оваа смеса се прават топчиња се натиснуваат и се редат во плех
  5. Се печат на 170С  околу 25 мин. зависно од рерната :)
  6. Се украсуваат со чоколаден прелив

Совет: Moже да се расука како кора и да се сечат најразлични форми

Многу се вкусни, стојат долго време и кој пробал бара повторно :)))

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови