30
сеп
2012
Медени колачиња
Ја ставаме маста во длабок сад, го додаваме шеќерот, промешуваме со лажица да се изедначи смесата и ги додаваме јајцата. Од лимонот се ренда кората и половина од сокот се става во смесата. Се додава содата, циметот, медот. Се додава брашното и убаво се меси.
Од тестото треба убаво да се прават мазни топчиња без да се лепат за раце. Топчињата ги валкаме во шеќер и се редат во намрсен плех натискајќи ги малку или можете во средина да им ставите по едно оревче.
Се печат на 200 степени околу 10 до 15 минути додека да поруменат и веднаш се вадат од релна. Одозгора декорација по ваша желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Kazi mi, meki ili krckavi ispagaat?