Во сад се стават брашно, шекер, зејтин, млеко, сода, цимет и 3 супени лажици мармалад од црни сливи, сето ова се меше со лажица. Со маргарин се премачкува плех за печење, големина 30-ти број се става смесата и се пече во загреана рерна на 250 степени околу 15 мин.
Кората откога ке се олади се премачкува со мал слој мармалад од сливи и се прелива со глазура направена од растопеното чоколадо.
Совет за глазурата, најуспешно се прави на пареа, во чоколадото се додава неколку капки зејтин, млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови