Испечати

Меден колач

Меден колач

Состојки

  • 2 чајни чаши брашно
  • 1/2 чајни чаши Млеко
  • 1/2 чајни чаши шекер
  • 100 мл зејтин
  • 1 лаж мала цимет
  • 1 лаж мала сода
  • 150 гр црна чоколада за готвење за глазура

Подготовка

Во сад се стават брашно, шекер, зејтин, млеко, сода, цимет и 3 супени лажици мармалад од црни сливи, сето ова се меше со лажица. Со маргарин се премачкува плех за печење, големина 30-ти број се става смесата и се пече во загреана рерна на 250 степени околу 15 мин.
Кората откога ке се олади се премачкува со мал слој мармалад од сливи и се прелива со глазура направена од растопеното чоколадо.
Совет за глазурата, најуспешно се прави на пареа, во чоколадото се додава неколку капки зејтин, млеко.