Содржината на оваа салата е напишана во насловот. Мајонез, компир и праз се главните состојки, ама вкусот во кој заемно се надополнуваат е неодолив и претставува вистинска гозба во посни денови. Се разбира може да се направи и со мрсен мајонез, ама мене ми е фаворит како посна салата која брзо се подготвува, а е особено вкусна.

Подготовка
1. Компирите се варат и се лупат, па се сечат на ситни коцки. Најдобро е да оладат убаво за да се сечат на поситно.
2. Празот го сечкаме на ситни парченца, па заедно со сол го толчиме за да малку омекне. Го мешаме со компирите.
3. На крајот додаваме мајонез и зачини. Сето ова го промешуваме убаво и го оставаме во фрижидер за да се соединат вкусовите.

Забелешка
Салатата си ја правите по ваш вкус и ваши количини. Од вас зависи дали ќе ставите два праза, толку компири и мајонез, ама составот на салатата е тој. Густината на салатата зависи и од кој мајонез ставате. Јас сум ја правела и со посен мајонез кој сама си го правам, а оваа на фотографијата е со купен мајонез.
Инаку највкусна е откако ќе ја оставиме да отстои, јас ја оставам неколку часа во фрижидер за да има поинтензивен вкус и мирис.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани